„Градите ми пораснаа во менопауза, се молев во црква за нив“: Славната актерка има болки во грбот од бујното деколте, но мажот ѝ го обожава

Добивај вести на Viber

Многумина сметаат дека времето не ѝ може ништо на Салма Хаек, која и на 58 години важи за една од најсексапилните дами во Холивуд. 

Уште од нејзиното појавување во филмот „Од самрак до зори“, таа останува симбол на заводливост и харизма.

На прославите на нејзините родендени низ годините, често внимание привлекувале нејзините облини, а актерката гордо истакнува дека не се оптоварува со стареењето. 

На социјалните мрежи често споделува фотографии со седа коса, испраќајќи порака дека жените не треба да бидат робови на разубавување со пластични интервенции и фотошоп.

Во едно интервју, Салма искрено признала дека како тинејџерка имала несигурности и дури се молела во црква да ѝ пораснат гради – нешто што денес е нејзин заштитен знак. Подоцна, таа откри дека за време на менопаузата нејзините гради уште повеќе пораснале, што дури ѝ предизвикува болки во грбот. „Многумина мислат дека сум ги зголемила хируршки, но вистината е дека природно пораснаа“, изјави актерката.

Иако важи за секс-симбол, таа нагласува дека тајната на нејзината фигура не се напорни тренинзи, туку „ресторативна јога“, техника што овозможува мускулите да бидат активни и без класични вежби. „Дури и кога ги миете забите, телото може да работи“, вели таа низ смеа.

Салма Хаек изненадила и со тоа што во своите 50-ти добила улога во Marvel’s Eternals.

 „Бев шокирана. Верував дека возраста е пречка, но стареењето е поврзано со повторувањето. Ако постојано се менувате и останете љубопитни, никогаш не стареете“, изјави актерката.

Хаек е мажена со милијардерот Франсоа Анри Пино од 2009 година, а заедно ја имаат ќерката Валентина Палома (17).

Извор: Mondo.rs / Фото извор: EPA / М.С.К