Има само една желба: Го отвори писмото од синот до Дедо Мраз и се расплака

Добивај вести на Viber

Еден татко кој работи како доставувач на пакети во американската пошта не можеше да одолее да не ѕирне во писмото што неговиот мал син го напиша за Дедо Мраз. Но, откако ги прочитал зборовите на синот, тој не можел да ги задржи солзите.

Таткото објави фотографија од писмото на неговиот син на Редит, а неговата објава веднаш стана хит.


„Драг Дедо Мраз, навистина би сакал да поминувам повеќе време со тато, па затоа би бил навистина благодарен ако можеш да му помогнеш порано да ја заврши работата“, напиша малиот Џона, додавајќи дека неговиот татко е работник во UPS, а луѓето порачуваат многу подароци. .

Објавата стана вирална, а многумина признаа дека и самите пуштиле солза читајќи го писмото на момчето.


Фото: indeh.hr/YouTube

Можеби ќе ве интересира: