Инспиративна приказна на Кристина: Долги години се борела со неплодноста, а сега го очекува своето шесто дете

Кристина Ковачевиќ Хитрец, во интервју за порталот Roditelji.hr отворено зборува за долгата борба со неплодноста, искуството со близнаци по потпомогнато оплодување, но и за радоста да биде мајка на пет деца.
Со проблеми со плодноста се соочила уште на 25 години, кога останала без овулација и со нередовни циклуси. По две години обиди за трето дете, заедно со тогашниот сопруг сфатила дека природно нема да може да забремени.
Во 2016 година започнала со вонтелесно оплодување (ВТО), а веќе следната година ја родила своите близначки Миа и Тиа.
Кристина денес води и анонимна група „МПО искуства и совети“, каде им помага на жени кои минуваат низ истата борба.
Многу жени секојдневно се соочуваат со осуди, затоа е потребна поддршка – и преку моето искуство сакам да им бидам потпора, вели таа.
По близначките, ја изненадила природна бременост во 2023 година, што и самата ја доживеала како благослов.
На нашата годишнина останав бремена, а тоа го открив дури во 11. недела. Беше шок, но и најголема радост, открива таа.
Децата ја прифатиле веста со голема среќа, а најстариот син особено се врзал за најмалиот брат Рафаел.
Иако имало и страв од осуди поради големото семејство, реакциите на јавноста и блиските биле позитивни.
Мојот сопруг и јас работиме повеќе работи и успеваме сè да финансираме. Луѓето околу нас беа пресреќни, особено семејството на сопругот, каде што бебе не било родено цели 33 години, додава Кристина.
По повеќе од една деценија борба со неплодност и изостанати циклуси, Кристина денес сведочи дека „чудата постојат“ – бидејќи повторно природно останала бремена.
Извор / Фото извор: Фејсбук