За прв пат во Македонија, Иуте воведе целосно автоматизиран систем за обработка на кредитни апликации, достапен 24/7

Македонскaта финансиска сцена го доби првото целосно автоматизирано решение за одобрување на потрошувачки и наменски кредити за апликации поднесени преку кој било канал.
Овој модел кој пионерски го воведе Иуте Македонија овозможува целиот циклус на анализа и одобрување да се врши 100% автоматски и дигитално, во реално време и преку мобилната апликација Myiute, пришто целата процедура се скратува од досегашните 15 на само 3 минути.
Автоматизираното носење на одлуки се базира на минимална или никаква човечка интервенција поткрепена од ВИ (вештачка интелигенција) и машинско учење, додека системите се дизајнирани со максимална транспарентност, одговорно кредитирање, усогласеност со регулативи и заштита на приватноста на податоците.
Иуте веќе неколку години користи напредна технологија и модели базирани на наука на податоци, машинско учење, ВИ бизнис анализа и автоматизирани секвенци, но со овој модел се прави заокружување на целиот процес на автоматизација.
“Говориме за прв модел од ваков тип на пазарот кој работи врз база на напредни алгоритми за проценка, модел којправи анализа во реално време на поднесување и разгледување на апликацијата на клиентот, со комбинирање на официјални институционални податоци (Агенција за вработување, Управа за јавни приходи, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување и МКБ) и интегрирани модели за сегментација и проценка на ризиците, пришто апликацијата MyIute комуницира со Македонското Кредитно Биро преку API интеграции. Се прави моментално вчитување на податоци преку софистицирана клиентска платформа (new core), на сите барања за кредит, без оглед на каналот преку кој се поднесени: мобилна апликација, експозитура или контакт центар – овозможувајќи персонализирано и унапредено корисничко искуство. Ако досега за целиот процес - од поднесување, до разгледување, анализа и одобрување биле потребни 15 минути, со новиот модел се добива инстант одговор и процесот се заокружува за 3 минути, пришто системот автоматски генерира персонализирана понуда која е најсоодветна според профилот на клиентот.”-вели Александар Тишовски, Директор на сектор технологија и оперативно работење.
Развојот на решението беше од страна на мултидисциплинарен развоен тим од групацијата Иуте Естонија, во партнерство и локална имплементација со тимот на Иуте Македонија.
Иуте го гради финтек моделот на иднината, преку брза и напредна технологија во служба на иновацијата, но сигурноста, довербата и заштитата на личните податоци секогаш останува на прво место.
Целиот процес се одвива преку мобилната апликација Myiute, додека процесот на идентификација се одвива преку регистрирана шема за електронска идентификација, во партнерство со Евротруст, која гарантира највисоко ниво на сигурност и усогласеност со законската регулатива. Сите верификации се вршат преку високо енкриптирани канали. Податоците не се складираат локално – се користи пристап во реално време на таканаречен облак за дополнителна сигурност како најнова технологија.
Автоматизирањето на процесите е во служба на поголема безбедност, каде што напредната технологија освен што во секунди анализира илјадници податоци, овозможува и автоматско блокирање на сомнителни однесувања на клиентите.
Со користење на овие напредни модели за машинско учење и автоматизирани процеси, може прецизно да се процени кредитоспособноста на клиентите, кредитниот ризик и историјата на (не)навремено исполнување на обврските на клиентот, и да се носат издржани етички одлуки при одобрувањето на изложеностите. Сето ова резултира со ниска стапка на нередовност во исполнување на обврските на клиентите и подобрување на севкупните перформанси на портфолиото.
“Со персонализација на понудата и воведување на модел базиран на машинско учење кој го предвидува ризикот за исполнување на обврската на клиентот, успеавме да го намалиме кредитниот ризик, односно значително да го подобриме квалитетот на кредитното портфолио. Во моментов, кредитното портфолио кое се отплаќа до 30 дена надмина 97%.”, посочуваат од Иуте.
Вештачката интелигенција не заменува луѓе – туку создава ново ниво на доверба
New core real-time клиентската платформа е моќна алатка и за вработените и компанијата, но пред се за корисниците, на кои им се овозможува напредно и персонализирано корисничко искуство.
Улогата на технологијата, особено во финтек секторот, не е да ги елиминира човечките позиции, туку да ги надгради процесите. Автоматизацијата не ја намалува важноста на човечкиот фактор, туку овозможува поголема прецизност, доследност и објективност во донесувањето на одлуки. Бројот на вработени не се намалува со автоматизацијата, туку се врши доквалификација на позициите преку изучување на алатките на вештачката интелигенција, воедно се моделира улогата на финансиски и дигитален советник за клиентите, градејќи високо ниво на доверба.
ПР објава