Ја купиле најлошата куќа во улицата и ја претвориле во дом од соништата за смешни пари

Добивај вести на Viber

Најголемиот проект беше трпезаријата - тие поставија тапети со впечатлив дезен на ѕидовите и изградија библиотека по нарачка.

Атена и Крис Хенеси купија куќа со три спални соби во Чикаго, Илиноис, во јуни 2023 година.

Иако велат дека тоа била најлошата куќа на улицата, сепак чинела 370.000 американски долари. Беше во лоша состојба, застарена и запуштена и бараше големо реновирање.

Брачниот пар решил сами да ја реновира куќата - прво ги отстраниле подните облоги и ги обновиле дрвените паркети што биле под него. Ја опремиле кујната, се вселиле и живееле во куќата, менувајќи го својот дом малку по малку.

Крис гледал видео упатства на YouTube и научил како да менува електрични инсталации и водоводни инсталации. Го промениле речиси секој сантиметар од куќата - дури додале и нова бања, односно го заѕидале задниот влез од куќата и вметнале када и туш во неа.

Најголемиот проект беше трпезаријата - поставија тапети со впечатлив дезен на ѕидовите и изградија библиотека по нарачка. Целосно го променија изгледот на кујната, купија нови кујнски апарати и додадоа метални ормари.

Тие се среќни затоа што потрошија само 20.000 долари за реновирање - ако платеа некому да ја заврши работата наместо нив, ќе потрошеа значително повеќе пари. Покрај сето тоа, тие ја работеа својата вообичаена работа и ја реновираа куќата во слободно време - навечер и за време на викендите.

Како изгледала куќата некогаш, а како изгледа сега, погледнете ја фото галеријата подолу, а видеото е на овој линк.


РЖМ/ИС

ФОТО: Инстаграм принтскрин