Кафетинот им го украде шоуто на младенците: На свадбата на познатиот српски рапер се служеше македонскиот еликсир против болката

Добивај вести на Viber

Раперот Стјепан Јелица, познат како Албино, вчера ја круниса својата љубов со Исидора на гламурозна свадба во еден белградски ресторан. Додека гостите уживаа во музиката на Рада Манојловиќ и „Тропико бенд“, еден детаљ ја привлече целата внимание – на секоја чинија, покрај свечената порција, стоеше по еден кафетин.

Луксузната декорација со бели лилјани, златни детали и свеќи беше во сенка на овој необичен потег, кој предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. „Најоригиналната свадбена порака досега!“ – коментираа дел од гостите.

Со ова, Албино и Исидора ќе останат запаметени по свадба која, покрај раскошната атмосфера и големата љубов, имаше и доза на хумор и уникатност – кафетинот како симболична порака дека на вистинската веселба треба и енергија и издржливост.