Кејт „изигра на сигурно“ и воодушеви, јорданската принцеза го возврати „ударот“: Моден двобој на идните кралици кој мора да го видите

Принцезата од Велс и нејзиниот сопруг принцот Вилијам ги угостија јорданскиот престолонаследник Хусеин и неговата сопруга Раџава Ал Хусеин, а многумина беа воодушевени од модните изданија на идните кралици.
Принцот и принцезата од Велс денес се сретнаа со јорданскиот престолонаследник Хусеин и принцезата Раџава од Јордан за време на нивната посета на Велика Британија.
Од фотографиите од замокот Виндзор, можеме да видиме како двете идни кралици се истакнаа во своите модни изданија.
Кејт Мидлтон се одлучи за шик костум од Роланд Мур во боја на камила, кој се состоеше од едноредно подолго сако и широки панталони, кои претходно ги носеше за време на посетата на добротворната организација во 2023 година.
Таа носеше бела блуза со машна под сакото, а сето тоа го стилизираше со висечки златни обетки.
Принцезата од Велс го „заокружи“ овој шик стил со чевли од телешка кожа од Ралф Лорен во боја на кафе.
Кејт ја стилизираше косата во меки и нежни бранови.
Од друга страна, принцезата Раџва Ал Хусеин изгледаше елегантно во креација од Александар Меквин, дизајнер чии парчиња принцезата од Велс ги обожава.
Под впечатливиот црн корсет, јорданската принцеза носеше бела кошула со јака, а под неа широки панталони.
Таа имаше црна чанта, а монохроматскиот изглед го „разби“ со црвени чевли со зашилен врв.
Ја собра косата во висока опашка и го заокружи ова елегантно издание.
Принцот Вилијам и престолонаследникот Хусеин облекоа темно сини одела за средбата во кралската резиденција во Беркшир.
Навидум многу модерните изданија на идните кралеви се разликуваа по нивниот избор на вратоврски.
РЖМ/ИС-ФОТО: Инстаграм