Кога Бог ја создавал мајката...

Добивај вести на Viber

Кога Бог ја создавал мајката, бил шестиот ден на создавањето.
Тој работел прекувремено неколку дена, кога ангел му пришол и му рекол: „Оваа навистина ќе те намачи, зошто се трудиш толку многу околу неа?“

Бог одговорил: „Да, но дали ги прочита карактеристиките за неа? Мора да биде лесна за миење, но не смее да биде од пластика… Мора да има 180 подвижни делови и сите треба да може да се заменуваат, да живее на црно кафе и остатоци од храна од претходниот ден… Да има бакнеж кој ги лекува сите болести: од скршена нога до разочарување од љубовта и да има шест пара раце.“

Ангелот кренал раменици и со неверување одговорил: „Шест пара раце.. невозможно?“

„Не се рацете тие кои ми претставуваат проблем“, рекол Господ, „туку трите пара очи што таа мора да ги има“.

„Зошто толку многу?“, запрашал повторно ангелот.

Бог објаснил: „Еден пар за да гледа преку затворена врата кога ќе праша: Што правите таму, деца? Еден пар очи на задниот дел на главата за да видат што не треба да гледа, но мора да знае. И пар очи за да види кога детето греши, да го погледне со љубов и разбирање и тивко да му каже: „Разбирам и те сакам“.

„Господи“, рекол ангелот „оди да се одмориш, утре ќе се обидеш повторно“.

„Не можам“, рекол Господ. „Јас сум преблизу до создавање на битие што е толку слично на мене. Веќе направив една што се лечи сама кога е болна и што може да подготви оброк за шест лица со половина килограм мелено месо“.

„Таа е премногу мека“, рекол загрижено ангелот, набљудувајќи го примерокот - мајка.

"Но, таа е силна!" Бог воодушевено одговорил, „немаш идеја што се' таа може да направи и да издржи.“

„Може ли да мисли?

„Не само тоа, туку таа одлично го користи разумот и наоѓа решенија дури и во најсложените ситуации“, одговорил Создателот.

Ангелот потоа се приближил до примерокот и со прст поминал по нејзиното лице.

„Овде има некој вишок“, забележал тој.

„Не е вишок“, го поправил Господ, „туку солза“.

„А за што служи таа?“

„Да изрази радост, тага, разочарување, болка, осаменост и гордост“.

„Вие сте генијалец!“, извикал ангелот.

„Да бидам искрен, јас не ја ставив солзата“, тажно одговорил Бог.

И така Бог ја создал мајката.

извор: поема на Ерма Бомбек/ Erma Bombeck