КУМИ ЛУТИ РИВАЛКИ! Цеца Ражнатовиќ за „Пинкови ѕвезди“ и заминувањето на Вики од Гранд

Добивај вести на Viber

По долго време во „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Вики Милјковиќ одлучи да ја промени средината и од следната сезона ќе биде дел од жирито на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

 Со тој потег, таа на некој начин станува конкуренција на својата кума, Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Цеца првпат се огласи по повод трансферот и истакна дека целосно ја поддржува Вики.

„Кумата Вики ми отиде на ‘Пинк’. Не треба да се коментираат туѓи причини, јас како кума знам зошто. Ја поддржав да ја промени средината – понекогаш доаѓа до презаситување и тоа е сосема во ред. Сè зависи од тоа како ќе се постави, така и ќе помине“, изјави Ражнатовиќ.

Од продукцијата на „Пинк“ потврдија дека Вики е четврти член на жирито во новата сезона на „Пинкови ѕвезди“, заедно со Десингерица, Босанац и Зорица Брунцлик.

Во меѓувреме, „Гранд продукција“ објави дека од септември сите нивни емисии, вклучувајќи ги „Ѕвездите на Гранд“, „Никогаш не е доцна“ и „Практична жена“, се селат од телевизијата Пинк на Прва ТВ, нагласувајќи дека се радуваат на продолжување на долгогодишната успешна соработка.

Со ова, на есен домашната публика очекува нова „битка“ на музички таленти – Вики во ново жириско издание, а „Ѕвездите на Гранд“ на нова телевизија.

Извор: Kurir.rs