Синот го оставила во дом, градела кариера со парите на поранешниот, а по разводот му наплатила 50.000 евра

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што последниве недели се повторува приказната дека Ана Бекута наводно излегла од „брак“ без ништо, извори блиски до пејачката тврдат дека всушност никогаш и не била во брак со Предраг Видовиќ Преја – туку во долга вонбрачна заедница, од која излегла со 50.000 германски марки.

Како што пренесува „Scandal!“, животот на Ана Бекута бил бурен уште од самите почетоци. Откако се породила и сфатила дека таткото на нејзиното дете не сака да живее со неа, пејачката го оставила синот во Домот за деца во Звечанска и се омажила за басист со кого започнала да работи. 

Наскоро го запознала Предраг Видовиќ Преја, со кого побегнала во Германија и го основала бендот „Ana B.“. Преја активно вложувал во нејзината кариера, а нивната вонбрачна заедница траела се додека Ана не започнала врска со Ѓорѓе Шмакиќ.

По неколку години престој во Германија, Ана и Преја се вратиле во Шабац. По негово инсистирање, Бекута го земала синот од домот и го вклучила во новоформираното семејство. 

Развод

Според истиот извор, односот траел до моментот кога таа се поврзала со Шмакиќ, по што со камион ги собрала своите работи и се преселила во станот што ѝ го отстапиле Билјана Јефтиќ и Аца Илиќ.

Иако долго се зборуваше дека заминала „без ништо“, документите до кои дошле новинарите покажуваат поинаква слика: Ана и Преја потпишале вансудско порамнување во кое тој се откажал од побарувањата за тоа што го вложил во нејзината кариера, а ѝ исплатил 50.000 германски марки и ѝ оставил дел од мебелот.

Истите извори додаваат дека токму Преја бил човекот кој ѝ го дал уметничкото име Ана Бекута, и оттука – како што велат – „време е вистината да се каже до крај“.

Извор: Kurir.rs