„Куќата ми остана празна“: Владо Георгиев се огласи скршен од тага и болка поради семејна загуба

Добивај вести на Viber

Познатиот пејач Владо Георгиев сподели потресна порака од својот роден град Херцег Нови, каде што првпат се врати по смртта на својата мајка Борка. 

Таа почина во октомври минатата година, по долга и тешка борба со болест.


Иако со децении е присутен на јавната сцена, Георгиев секогаш ја чувал својата приватност далеку од очите на јавноста.

Родителите ретко ги покажувал во медиумите, иако неколку пати беа забележани како му даваат поддршка на неговите концерти.


Овојпат, за првпат, се врати во родниот крај без мајка си, што длабоко го потресе. На социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер), тој се огласи со кратка, но силно емотивна порака:

„Прво лето што дојдов во Нови, а мајка ја нема... куќа, празна без мајка,“ напиша Георгиев, додавајќи тажен емотикон со солзи.

Мајката Борка и таткото Драгољуб отсекогаш му биле најсилна поддршка, иако секогаш биле во сенка. Пред извесно време, Георгиев објави фотографија со родителите и им посвети емотивни зборови, со што уште еднаш ја покажа силната врска што ја имал со нив.

Фото извор: X / Инстаграм