Поради една состојка која ја ставаат Грците во гиро – ќе ви се згади секој залак што сте го изеле досега

Добивај вести на Viber

Гиро, едно од најпознатите грчки јадења кое туристите го обожуваат, можеби нема да ви изгледа толку привлечно кога ќе дознаете што навистина содржи. 

Иако изгледа како совршена комбинација од месо, лепиња, зеленчук и сосови, зад неговиот препознатлив вкус се крие една состојка што ретко кој ја спомнува – живинска кожа и маст.

Во многу традиционални гиро-рецепти во Грција, за да се постигне специфичната крцкавост и маслен вкус, се додава мелена кожа од пилешко или свинско, која при печењето се лепи за месото и создава слој сличен на желатин. 

Фото извор: Freepik

Некои производители дури користат и емулзија од животинска маст и зачини, што им дава поинтензивен вкус, но и висока калорична вредност.

Грчките готвачи велат дека тоа е дел од „автентичниот рецепт“, но нутриционистите предупредуваат дека оваа состојка може да содржи високо количество холестерол и заситени масти, особено кога се комбинира со пржен компир и масни сосови.

Иако повеќето љубители на гиро не би помислиле двапати пред да земат залак, следниот пат кога ќе уживате во ова јадење – запрашајте се што всушност јадете. 

Зад совршено испеченото месо можеби се крие нешто што нема да ви се допадне – тајната состојка што го прави гиро вкусен, но и тешко сварлив.

Насловна фотографија: Freepik