Кога ќе ја видите како изгледа ќе мислите дека не излегува од теретана, но оваа наша пејачка ужива во бурек и симит погача

Добивај вести на Viber

Иако е мајка и има бројни обврски во текот на денот, Бојана Скендеровски изгледа неверојатно – нејзината линија и извајано тело би можеле да ѝ позавидат и професионални фитнес модели. 

Кога ќе ја погледнете, првата мисла е дека не излегува од теретана, но вистината е поинаква.

Фото извор: Мета 

Бојана неодамна на своите социјални мрежи откри дека не поминува часови во фитнес сала, туку дека клучот е во балансот и умереноста. Таа јаде сè – од традиционални јадења до симит погача, пецива и секако бурек, една од омилените јадења на Македонците. 

Нејзината искреност ги освои следбениците, кои во коментари велат дека токму таа е доказ дека не е неопходно постојано вежбање за да се изгледа негувано и здраво.

Во нејзиниот случај, како што велат многумина, очигледно генетиката и природната убавина ја направиле своето – а Бојана само го негува она што ѝ е подарено.

М.С.К