Вистинска хероина: Малата Каја ги дувна свеќичките за првиот роденден во болница!

Добивај вести на Viber

Во болничките ходници каде секој ден се води тивка битка за живот, денес одекна најубавиот звук — детски смеа и роденденска песна.

На Одделот за детска кардиохирургија во болницата Аџибаденм Систина се славеше првиот роденден на малата Каја, девојче со големо срце и уште поголема храброст.

Опкружена со балони, торта, насмевки и љубов, оваа мала хероина ја дувна својата прва свеќичка — со желба што сите ја споделуваме: здравје, радост и безброј детски насмевки.


Нејзината приказна е симбол на надеж и сила. Благодарение на посветеноста и стручноста на д-р Владимир Чадиковски и целиот тим на Детската кардиохирургија, Каја го помина најтешкиот предизвик во својот краток живот.
Со љубов, грижа и непоколеблива волја, лекарите успеаја да ѝ подарат шанса за безгрижно детство — нешто што за многу родители е најголем подарок на светот.

За само неколку дена, малата борка ќе си оди дома — токму на време за голема семејна прослава, за ново поглавје исполнето со љубов, топлина и светли детски соништа.

Среќен прв роденден, мала хероино!
Нека секој твој следен роденден биде потсетник дека чудата навистина постојат — особено кога има срца што веруваат.


РЖМ / Ирена С. Фото: Систина