Како ќе изгледаат нашите станови во 2026: Она што го имаме дома - оди во ѓубре и станува демоде

Добивај вести на Viber

Дами и господа, стигна сезоната. Не мислиме на есен, туку на налетот на најави за бојата на годината 2026. 

Во наредните месеци, се очекува сите големи брендови за бои да го изнесат своето видување за нијансата со која наскоро ќе посакаме да ги обоиме своите домови. 

Сè што денес е модерно, веќе следната година станува застарено. Трендовите во ентериерот се менуваат побрзо од кога било, а дизајнерите најавуваат дека влегуваме во ера во која становите ќе бидат потопли.

Тиркизна – сино-зелена

Дали е сина? Дали е зелена? Нешто помеѓу, но богата, смирувачка и освежувачка. Оваа боја предизвикува полемики бидејќи сите ја доживуваат различно. 

Тиркизната е совршена „помеѓу“ нијанса која се менува во зависност од светлината и материјалите. Најдобро е да се внесе преку елементи како глазирана керамика, сјајни површини и богати ткаенини.


Млечна чоколада

Многу дизајнерски студија на саемот во Милано се фокусираа на топлата нијанса на млечна чоколада. Пред две години во тренд беше теракота, потоа бордо, а сега доаѓа побогата и подлабока варијанта која дава чувство на топлина и сигурност. 

Познати дизајнери како Том Морис, Тифани Даган и Касандра Елис веќе ја користат во ентериерите. Том ја нарекува „неутрална позадина“ со која сите други бои доаѓаат до израз.


Златножолта

Духот на седумдесеттите и понатаму трае, а бидејќи таа деценија силно влијаеше врз палетите во последниве години, дизајнерите предвидуваат дека златножолтата ќе биде боја на 2026 година. 

Ја видовме експанзијата на жолтата како маслачок, но оваа потопла нијанса носи чувство на удобност кое луѓето го посакуваат во домовите. Лесно се комбинира со мов-зелена, темно модар патлиџан или силно црвена.

Војничка зелена

Има сила и смиреност, велат дизајнерите, а изгледот зависи од светлината. Од една страна, дизајнот инспириран од природата е сè поприсутен во домовите, а оваа нијанса дава поврзаност и топлина.

 Од друга страна, станува збор и за мода – таа се враќа на модните писти, во чанти, панталони и јакни. Во ентериерот, пак, остава силен, но софистициран впечаток.


Жалфија зелена

Жалфијата е навистина магична. Сè почесто ја гледаме – од ѕидови обојани во оваа нијанса, до детали и декорација. Смирувачка и природна, внесува баланс и поврзаност со околината.


Мача зелена

Мача-трендот не стивнува, па така ни во ентериерот. Земјена, но енергична, оваа зелена нијанса смирува, а истовремено подига енергија. 

Ако ве радува во шолја, зошто да не и на постелнина или фотелја? Сакале да признаете или не, факт е дека оваа боја е сè поприсутна во модерните домови.


Извор: Mondo.ba / Фото: Freepik