Православните верници одат во овој манастир да проверат дали имаат демони: „Уште на влезот се чувствува јака духовна енергија“
Во срцето на шумовитата Романија, скриен меѓу планините на округот Неамц, се наоѓа манастирот Сихастрија – едно од најпознатите духовни светилишта на православниот свет.
Основан уште во XVII век, денес тој не е само место за молитва и тишина, туку и место за кое многумина велат дека поседува необјаснива духовна сила.
Според бројни сведоштва на верници, во Сихастрија се става на тест вистинската духовна состојба на човекот. Се верува дека доколку некој е оптоварен со темна енергија или демонски влијанија, тоа во ова свето место не може да остане скриено.
Некои посетители сведочат дека за време на молитвите чувствуваат немир, плач или необјаснива тежина, додека други доживуваат ослободување и внатрешен мир.
„Кога првпат влегов во црквата, почувствував како нешто ме тресе однатре. Подоцна, свештеникот ми рече дека тоа е духовна борба,“ раскажува еден од поклониците.
Многумина веруваат дека токму присуството на моштите и молитвената сила на духовникот Клеопа Илие, кој живеел и служел во манастирот, ја прават Сихастрија место каде се открива сè што човек носи во себе.
Сепак, оваа духовна појава не се доживува како нешто застрашувачко, туку како процес на прочистување. Верниците велат дека во дворот на манастирот владее мир, спокој и благодат – чувство дека небото е поблиску, а земјата потивка.
Сихастрија денес е една од најпосетуваните православни светињи во Романија. Илјадници луѓе годишно доаѓаат да се помолат, да побараат исцеление и да ја почувствуваат енергијата која, според многумина, го разделува светото од демонското.
Фото извор: Википедиа