Актуелно // Insta вести
Се славеше во домот на Милошоски: Пратеникот со семејна објава посветена на ќерката Дариа

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, на својот Фејсбук профил сподели семејна фотографија и емотивна порака по повод роденденот на неговата ќерка Дариа.
„Нашата умна Дариа полни 9 години – преубав ден за целото семејство. Слава на Бога што ќе прославиме сите заедно. А вам драги пријатели од срце Ви благодариме за честитките,“ напиша Милошоски, додавајќи: „Срдечен поздрав од Дариа, Илина, Филип, Давид, Михаела, Симона и Антонијо Милошоски.“
Објавата привлече многу честитки и позитивни коментари на социјалните мрежи, а јавноста уште еднаш имаше прилика да види дека семејството за Милошоски е најголемата радост и сила.
РЖМ/ИС