Двоен повод за славење во семејството на Митко Јанчев

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, викендов ја сподели својата најголема радост – роденденот на неговиот син Стојанче. Прославата се одржа во неделата, во семејна атмосфера исполнета со љубов, насмевки и блискост.
Стојанче; кој е средното дете во семејството на Јанчеви, го прослави својот 11-ти роденден, опкружен со најблиските – родителите и братот и сестрата, а роденденската торта и декорацијата во црно-бели тонови додадоа елегантен допир на свечената атмосфера.
„Среќен 11-ти роденден на синот Стојанче! Нека денот биде полн со насмевки, радост и незаборавни моменти. Да расте среќно, здраво и безгрижно, со многу љубов и успеси!“ – сподели гордиот татко.
Во период исполнет со обврски и динамика, семејството Јанчеви докажа дека семејните моменти се највредни – тие што остануваат засекогаш во срцето.
Покрај роденденската прослава, Јанчев вчера славеше и победа во изборот за градоначалник, со што повторно ќе биде на чело на Кавадарци, и извојува трет мандат.РЖМ/ИС - ФОТО: Официјален фб профил Митко Јанчев