19-ката е нивна судбина: Нина Јанева и сопругот Александар прославуваат годишнина од брак

Поп-пејачката Нина Јанева и нејзиниот сопруг Александар денес слават седум години од нивниот граѓански брак, склучен на 19 октомври 2018 година. Парот го избра токму овој датум како симболичен и полн со лична важност — и сега, седум години подоцна, љубовта сè уште им цвета.
Нина и Александар се венчаа на интимна церемонија во Порта Македонија, пред само 13 гости — најблиските членови од семејството и неколку пријатели. Наместо традиционална бела венчаница, пејачката избра црн комбинизон од жерсе и жоржет, оставајќи впечаток и тогаш, и сега.
„Црната е мојата боја. Бојата на моќта, бојата што ми дава сила и самодоверба. Не верувам во суеверија, верувам во она што го чувствувам,“ изјави тогаш Нина за медиумите, објаснувајќи го својот избор на венчален изглед.
Интересен е и начинот на кој парот ги поврзува значајните датуми во животот: 19 јуни е роденденот на Нина, 19 август — роденденот на Александар, а 19 октомври — нивниот ден на венчавање. Како дополнување на оваа симболика, нивната ќеркичка Арија се роди на 19 септември, точно една година подоцна.
Во ера на гламурозни свадби и социјални мрежи, Нина и Александар уште тогаш покажаа дека вредноста на еден брак не се мери со бројот на гости или величината на церемонијата, туку со љубовта, почитта и стабилноста.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук
Имав тешко породување, со големи болки: Нина Јанева за ќерката Арија