Дали ги препознавате? Исплива фотографија стара повеќе од три децении од најпознатите мајка и ќерка на регионалната сцена

Добивај вести на Viber

  Легендата на балканската музичка сцена, Весна Змијанац, деновиве ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со емотивна објава – фотографија стара повеќе од три децении на која позира со ќерката Николија за време на летен одмор.

  На сликата, Весна е млада мајка, додека малата Николија ѝ седи во скут, а заднината открива мирно море и спокојна атмосфера.

Фејсбук 

  Фотографијата предизвика лавина емоции и коментари, особено од оние кои ја следат кариерата на Весна од нејзините почетоци. 

  Многумина ја пофалија нејзината природна убавина и истакнаа дека токму таа убавина ја наследила и нејзината ќерка – денес веќе популарна пејачка и јавна личност.

Фејсбук 

  Николија, која е во брак со пејачот Реља Поповиќ, денес и самата е мајка на две ќерки, што фотографијата ја прави уште повредна – потсетник на генерациска поврзаност, љубов и моментите кои остануваат врежани во сеќавањето.

  Весна уште еднаш покажа дека покрај славата и долгиот музички пат, за неа семејството секогаш останува на прво место.

Извор: Фејсбук