Синот на Сузана има милиони, а работи во режија во „Гранд“: Вака изгледа Даниел, кого го посвои Саша Поповиќ

Пејачката Сузана Јовановиќ и покојниот Саша Поповиќ долго време беа во складен брак, кој важеше за еден од најстабилните на домашната естрада.
Нивната љубовна приказна често привлекуваше внимание, особено поради начинот на кој Саша го прифати синот на Сузана, Даниел, кого таа го доби од првиот брак.
Поповиќ од самиот почеток го сакаше Даниел како свој син и никогаш не правеше разлика меѓу него и својата биолошка ќерка Александра. Сузана повеќепати истакнувала колку ѝ значи што нејзиниот сопруг со безрезервна љубов и поддршка го прифатил нејзиното дете од првиот брак.
-Зборот очув звучи навистина студено, но кај нас е сосема поинаква атмосфера. Сале често велеше – како да е мој син, жал ми е што јас не сум му вистински татко, раскажала таа, нагласувајќи дека Саша бил многу горд на Даниел и дека за него не постоела разлика меѓу двете деца.
Даниел денес живее семеен живот и пред неколку години се ожени со својата избраничка Тијана. Свадбата беше одржана во познат белградски ресторан, а највесел на прославата беше токму Саша Поповиќ, кој посинот го доживуваше како свое дете.
Љубовта меѓу Даниел и Тијана започнала на работа – таа е шминкерка која работи со многу јавни личности, додека Даниел е тон-мајстор во „Гранд“.
И покрај успешната кариера на нивните родители, децата на Поповиќ и Јовановиќ пораснале скромни, со здраво воспитување, нешто што многумина го посочуваат како причина за нивната приземност.
За жал, Саша Поповиќ почина во март по тешка болест, оставајќи зад себе неутешна сопруга, ќерка и посинок кој за него секогаш бил „како роден“.