Се облекуваше како жена, живееше во истополова заедница, па доби три деца со најдобрата пријателка: Досега непознати детали за животот на Азис

Бугарскиот пејач Азис, кој стана познат со само еден хит, со години е еден од најпопуларните музички уметници на балканската сцена.
Освен по својата препознатлива појава и соработки со познати пејачки од регионот, тој е познат и по тоа што никогаш не го криел својот приватен живот.
Во почетоците на кариерата Азис се појавуваше нашминкан, во женска облека и на високи потпетици, со што предизвикуваше шок и восхит. Подоцна направи голем пресврт – го смени изгледот, почна да тренира и се појави во поедноставено, машко издание.
Иако во Бугарија не се признава истополов брак, тој во 2006 година стапи во брак со својот партнер, но врската траеше кратко. По разводот, Азис доби ќерка – Раја – со својата најдобра пријателка, а неодамна потврди дека заедно добиле уште две деца.
Пејачот отворено зборува за својот однос со ќерката и начинот на кој ѝ ја објаснил својата животна приказна.
„Од секогаш сум искрен со неа. Секое дете треба вистината да ја слушне прво од родителите“, изјави тој.
Азис, роден во 1978 година во Сливен, потекнува од ромско семејство. На големата сцена се појави во 1999 година и во следната деценија стана ѕвезда во Бугарија.
Покрај соло хитовите, има соработувано со многу пејачки од регионот, меѓу кои Индира Радиќ, Марта Савиќ, Јелена Карлеуша, Теа Таировиќ и Северина.
Денес, освен по својата музика, е познат и како горд татко кој отворено зборува за семејството и својата животна приказна.