Уште денеска давам услуги за 5 евра: Српската старлета Слаѓа Лазиќ си го објави ценовникот

Таа објави провокативна фотографија во долна облека и истакна дека пристапот до нејзината содржина ќе чини само пет евра доколку се купи веднаш.
Поршелина и претходно ја шокираше јавноста со свои интимни признанија, тврдејќи дека со фудбалер имала односи кои траеле 12 часа без престан.
Според неа, „спортските мажи се најсилни и најиздржливи“, а токму врската со фудбалер ѝ донела и љубовни проблеми. Таа откри дека партнерот не ја поддржал во одлуката повторно да влезе во ријалити шоуто „Елита“, поради што прекинале контакт.
Летово медиумите ја поврзуваа со постар маж, но Слаѓа негираше дека е во врска со некој од 55 години.
„Мојот поранешен вереник е роден во 1985 година. Немам ништо против постари мажи, но не е вистина дека сум со некој дедо за пари“, изјави таа.
Лазиќ нагласи и дека сите естетски интервенции си ги платила сама, без ничија финансиска помош. „Сè што имам, сама го заработив. Не сум срамежлива да работам, не е срамота ниту еден чесен труд“, рече таа.
Со оваа нова страница за возрасни, таа очигледно прави нов чекор во јавниот живот, оставајќи впечаток дека е подготвена целосно да го капитализира својот имиџ.
Извор / Инстаграм Принтскрин