Лежерно, но впечатливо модно издание: Антониа со спортска маичка и црвени потпетици за стилска рамнотежа

Добивај вести на Viber

Македонската поп-пејачка Антониа Гиговска повторно го привлече вниманието со својот моден избор, овојпат појавувајќи се во урбано и лежерно издание кое зрачи со самодоверба и модна префинетост. Таа спои спортски и елегантни елементи на начин што лесно може да послужи како инспирација за сите љубители на уличната мода со доза на гламур.

Гиговска носи широка спортска маичка со бројот 81 на предниот дел, што асоцира на американски колеџ-стил и додава младешка енергија на целиот изглед. Маичката е стилски наместена во фармерки со висок струк и широк крој, што ја нагласува нејзината фигура, но и следи актуелните трендови на 90-тите, кои повторно се враќаат на модната сцена. Гиговска е облечена во моделите на Fashion Group.

Највпечатливиот детал во нејзиниот изглед се црвените високи потпетици – парче кое внесува контраст во комбинацијата и дава допир на елеганција и женственост. Ваквиот избор на обувки ја крши спортската лежерност и ја подигнува модната приказна на повисоко ниво.

Заврзана ниска опашка, минималистички шминка со нагласени усни и „chunky“ ѓердани комплетно го заокружуваат изгледот, оставајќи впечаток на самоуверена млада жена која знае што сака – и во музиката и во модата. Зад шминката и фризурата, се потпишуваат истакнатите наши имиња Александар Билјановски – Дадар и Октај Сејди.

Стајлингот на Антониа е доказ дека правилната комбинација на неочекувани парчиња може да резултира со беспрекорен, тренди и впечатлив изглед. Таа повторно потврдува дека е не само музичка, туку и модна инспирација на домашната сцена.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбик