Луксуз и поглед кој го одзема здивот: Ѕирнете во вилата на Сузана Гавазова во Дојран

Луксуз и поглед кон Дојранското езеро кој го одзема здивот
Сузана Гавазова откако се врати од турнејата во Америка работи со забрзано темпо и има настани постојано. Тоа можеме да го забележиме од нејзините објави на социјалните мрежи. Па така деновиве откри неколку кадри од новиот спот кој ќе е дует.
Нова песна и нов спот подготвува нашата фолк дива во соработка со српскиот пејач Звонко Демировиќ.
Спотот се снимаше изминатите неколку дена во вилата на Сузана во Дојран. Од видеата кои ги видовме на Инстаграм Стори увидовме неверојатно убава вила, која има поглед кон Дојранското езеро кој го одзема здивот.
Куќата е направена со камења и дрва, со интересен влез и убава голема модерна влезна врата. Целиот двор е уреден со вештачка трева и палми, а во едниот дел од дворот пејачката има и базен, во кој ужива во летните топли денови.
Но она кое можеби е највозбудливо е погледот кој го има Сузана од дворот на вилата. Поглед кон Дојранското езеро. Ваква глетка е реткост, а таа има можност да ужива во него почесто, односно кога е во Дојран со семејството.
А за нејзиниот стајлин за коса како и досега се погрижил нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Александар Тошев од Струмица, а за шминката овојпат му се доверила на Дејан Коцев.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм