Мадона како бабичка едвај оди покрај 38 години помладото момче: Снимките од кралицата на поп музиката шокираат (ВИДЕО)

Облечена во долг, лежерен, лесен фустан и сина наметка, со бела шапка и огромни очила за сонце, таа одеше во згрбавена положба, држејќи се за своето 38-годишно момче, фудбалерот Акем Морис.
Енергијата отсекогаш била друго име за Мадона, светската кралица на поп-музиката. Но, се чини дека работите драстично се променија и, фигуративно кажано, тргнаа надолу.
Мадона, која дојде во Италија за да го прослави својот 67-ми роденден, ги запрепасти обожавателите кои со неверување гледаа како поп-дивата едвај може да оди во Фиренца, пишува AOL.
Облечена во долг, лежерен, светло обоен фустан и сина наметка, со бела шапка и огромни очила за сонце, таа одеше во згрбавена положба, цело време држејќи се за своето 38-годишно момче, фудбалерот Акем Морис, со кого е во врска три години.
„Внукoт ја шета баба за рака!“, „Од Мадона до баба ми - за момент!“, „Помислив дека ја видов кралицата Елизабета за момент“, „Изгледа многу постара за свои години“, „Оди како стара жена“, „Изгледа како да има 87, а не 67 години“, беа само дел од коментарите кога на социјалните мрежи се појави видео од Мадона и нејзиното момче.
Патем, Мадона ја избра Италија втора година по ред за да го прослави својот роденден, а овој пат се одлучи за иконска локација во Фиренца - палатата Панокиески д'Елчи, која гледа кон Пјаца дел Кампо, над почетната точка на трката Контрада, позната како „моса“.
Минатата година, Мадона го прослави својот 66-ти роденден на археолошкото наоѓалиште Помпеја.