Миннимал и Божиновски часовници и накит со моќна кампања: „Повеќе од убава!“

Деновиве осамна една моќна и сплотена женска кампања под слоганот #ПовеќеОдУбава.
Кампањата има за цел да ја потсети жената дека може да биде што ќе посака, кога и да посака. Таа е една уникатна, автентична и комплексна приказна која не може да ја дефинира ниту физичкиот изглед, ниту состојбите во кои што се наоѓа, туку начинот на кој што реагира на тие состојби.
Целта на кампањата е да се започне едно движење без било какво етикетирање или истакнување на приватни или професионални успеси и достигнувања, движење со кое жените во нашето општество заеднички ќе порачаат дека се многу повеќе од својот физички изглед, ќе се охрабрат меѓусебно за да ја истакнат својата автентичност и да се чуствуваат доволни во секоја своја верзија и животна фаза. Ова е само почеток на една приказна која ќе расте и ќе се развива секоја наредна година.
Овде може да го погледнете накитот Ти Сенто.
*Пр објава