Животна училница // Семеен Албум
Младоста е состојба на духот: Сузана Спасовска гордо го покажа својот животен број

Македонската фолк пејачка Сузана Спасовска неодамна го прослави својот 61-ви роденден, а убавата атмосфера ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
Таа објави неколку фотографии на кои се гледа славеничката еуфорија, придружени со нејзини препознатливи духовити коментари.
„Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61, хахахаааа... Ама, не, сепак вака си е најдобро. (Единицата малку изгоре па заличи и на седмица, но има време до 7). А тортата ќе ја пробам на 28.08., ммммм... Драги пријатели, секоја роденденска и именденска честитка ми беше како светлина што го разубави мојот ден. Се чувствувам благословена што толку многу луѓе со топли зборови ми го израдуваа срцето и ми ја покажаа љубовта околу мене. Ви благодарам! Слава ти Боже!“, напиша Спасовска.
Забележително е дека пејачката изгледа одлично, со младешки изглед и позитивна енергија која зрачи од неа. Спасовска уште еднаш покажа дека годините се само бројка, а младоста е состојба на духот.
Нејзиниот роденденски настап на социјалните мрежи предизвика лавина честитки и убави желби од пријатели, колеги и обожаватели.
Со својот оптимизам и харизма, таа е доказ дека животот може да биде исполнет и радосен на секоја возраст.