НАЈСИЛНИОТ ПРОТИВНИК

Како во спортот, така и во
животот постојат многу силни противници, а некои од нив изгледаат толку силни, страшни,
непобедливи што на момент помислувате дека тешко или никогаш нема да може да успеете
да ги победите.
Но, најсилниот противник сепак не е некој од нив…
Да започнеме со спортот. Кога
почнуваме да се занимаваме со спорт доаѓа ред и да излеземе на мегдан со низа
противници и да ги измериме силите на спортските терени. Обидувајќи се да го
достигнеме врвот, се редат потешки и потешки противници, доаѓаат падовите,
поразите, спортските повреди кои згаснуваат кариери или пак спортската кариера,
а со тоа неминовно и животот ги носат во несакана насока. Тука доаѓаат
моментите кога треба да издржите и да покажете карактер, да се надминете и да
излезете како победници, посебно во одредени очајни ситуации кога ви изгледа
дека не можете да победите и дека тоа е КРАЈОТ!
И во животот е исто. Се редат низа предизвици,
препреки, кои ни се испречуваат на нашиот животен пат. Искушенија се редат на секој чекор. Успони
кои не носат кон врвот, кога си велиме дека ЖИВОТОТ Е УБАВ, но и падови кога
гледаме дека ЖИВОТОТ ЗНАЕ ДА БИДЕ И СУРОВ.
Лесно е кога е ЛЕСНО, но кога е
тешко, тогаш е моментот да се фатиме во костец со НАЈГОЛЕМИОТ и НАЈСИЛНИОТ ПРОТИВНИК,
со СЕБЕ!
Моментите кога доаѓа време не дали можеме, туку кога МОРА ДА УСПЕЕМЕ...
Кога вашето „ЗОШТО“ е толку големо што можете и планина да поместите...
...Кога на спортските терени имате супер противници кои треба да ги победите за
да стигнете до титулата, а тие изгледаат непобедливо; кога имате уште неколку
минути до крајот на натпреварот, а разликата во резултатот е толку голема што
веројатноста да се дојде до успех е сведена само на теорија и треба ментално да
сте силни и да покажете „од што сте направени“ кога е најтешко...
...Кога треба да намалите седум килограми за да ја постигнете саканата тежина
за вашата свадба, матурска или апсолвентска вечер или пак потребната тежина за
натпреварот во фитнес, борење или нешто друго, а насекаде околу вас има
искушенија во облик на превкусна „забранета“ храна. Кога доаѓаат моменти кога
почнувате ментално да се кршите, да чувствувате дека не можете повеќе и дека ќе
паднете под притисокот...
...Кога на работа се борите за позиција во фирмата со колега кој за кој мислите
дека е многу квалитетен, можеби за нијанса и повеќе од вас...
...Кога во животот се обидувате сѐ да направите правилно, а сѐ излегува наопаку...
...Кога ќе изгубите сакана личност и кога ви изгледа дека вашиот живот повеќе
нема смисла...
...Кога ќе се изгубите самите себе и кога ментално сте на дното...
...Кога ќе се изгубите самите себе кога сте на врвот, сте постигнале сѐ што
сакате и веќе не знаете што понатаму, па во недостиг на мотивација почнувате
психички да паѓате...
ТУКА Е МОМЕНТОТ КОГА ТРЕБА ДА СЕ
ИЗДИГНЕТЕ И ДА СЕ ПОКАЖЕТЕ!
НАЈСИЛНИОТ ПРОТИВНИК не е никој друг туку самите ние. За да ги победиме другите или да ги победиме/надминеме искушенијата кои ни ги приредува животот, најпрвин треба да се победиме себе и тоа посебно во моментите кога сме долу.
Битката не ја добиваме кога
препреките ги минуваме лесно, Кога е најтешко, кога падот е толку силен, кога мислеме
дека сме готови и дека повеќе не можеме и дека можеби е време да се предадеме,
тоа е знак дека веќе сме налетале на НАЈСИЛНИОТ ПРОТИВНИК кој треба да го
совладаме, нашиот сомнеж, нашиот страв, нашата малодушност во таа ментална состојба
кога се оди надолу!
Битката ја добиваме кога ќе паднеме
и нема да дозволиме тоа да не запре, туку после падот, ќе станеме, „ќе ја
истресеме прашината“, ќе извлечеме поука, ќе ја научиме лекцијата и посилни и
помудри ќе го продолжиме нашиот животен пат во кој ќе има уште многу такви
битки со НАЈСИЛНИОТ ПРОТИВНИК!Покажете се кога е
НАЈТЕШКО, кога е НАЈПОТРЕБНО. Кога
изгледа дека е невозможно, НАПРАВЕТЕ ГО НЕВОЗМОЖОТО!
Научете се да ви биде комфорно кога сте надвор од комфор зоната затоа што
„LIFE IS SO MUCH BETTER WHEN YOU ARE UPSIDE DOWN“
Поради големиот број прашања што сум ги добивал во текот на кариерата, во сферата на спортот,рекреативното вежбање,мотивацијата, исхраната, итн., одлучив да го споделам моето знаење и искуство во колумна и во авторска книга во издание на Просветно дело. Доколку имате дилеми и прашања поврзани со темата истите може да ги пратите на нашите социјални профили, а дел од поставените прашања ќе бидат одговорени во самата книга.
*Авторот, спортист и тренер, проф. Лазар Иванов, креатор на супер ефикасната фит програма ЕКСТРИМ ФИТ, целиот свој живот го посветил на вежбањето и здравјето. Неговите тренинзи досега ги практикувале десетици илјади рекреативци и спортисти. Текстовите се извадок од неговото богато искуство во спортот и спортската рекреација. Текстовите извираат од личните искуства како вежбач-ученик, спортист, тренер кој научил многу од своите ментори, од личните спортски искуства, но секојдневно учи и од своите вежбачи. Тренер кој никогаш нема да прекине да учи и да го пренесува наученото.
Проф. Лазар Иванов, професионален тренер по Микс Аеробик и Фитнес