„Најубавата улога досега“ – Милан Васиќ покажа како изгледа неговата прва прошетка со својот син

Добивај вести на Viber

Откако неодамна се ожени и стана татко за првпат, српскиот актер Милан Васиќ на социјалните мрежи ја сподели својата прва прошетка со синот Деспот.

На фотографијата, која за кратко време доби стотици реакции и честитки од фановите, актерот се појавува насмеан и горд, додека во рацете ја држи количката со своето новороденче. 

Васиќ, кој долго време беше еден од најпожелните ергени на српската сцена, пред неколку месеци се ожени со својата партнерка, а во јули стана татко на син кого го нарекоа Деспот – име со симболично значење, длабоко поврзано со српската традиција.

Фановите му упатија бројни пораки со честитки и добри желби, порачувајќи дека улогата на татко „му стои најубаво“. Васиќ досега ретко објавуваше детали од приватниот живот, но овојпат направи исклучок – споделувајќи момент исполнет со љубов и гордост.

Со оваа објава, актерот уште еднаш потврди дека за него започнува ново животно поглавје – далеку од сцената, но исто толку значајно и инспиративно.

РЖМ