Недела во која на тест ќе биде вашето трпение: Неделен хороскоп од 11 до 17 Август

Неделен хороскоп за периодот од 11 до 17 август 2025
ОВЕН
Оваа недела носи силна потреба да ставите крај на нешто – било да е тоа однос, работа или стара несигурност. Од 12 август, вашата потреба за акција ќе биде силна, но внимавајте – некој од вашето опкружување не ја дели вашата визија и можно е да дојде до тензии. Во љубовта, искрен разговор без игри е неопходен. Среда и петок се вашите среќни денови.
БИК
Оваа недела ќе ве повика да застанете и да ја слушнете тишината – таму се крие одговорот на прашањето кое ве мачи. На работа може да се појави одложување на планови, но и нова можност. Во љубовта владее блага неизвесност – некој ви испраќа сигнали, но не ги разбирате. Одморете. Вторник и петок ќе ви донесат олеснување.
БЛИЗНАЦИ
Неделата од 11 до 17 август носи интензивна ментална активност. Ќе добивате идеи брзо, но нема да имате доволно време да ги реализирате сите. Разговор на 13 август може да ви ја смени перспективата. Во љубовта, бидете присутни, намалете го планирањето. Финансиски, добри вести – но внимавајте со импулсивни трошоци. Понеделник и четврток се најповолни.
РАК
Ќе посакате повеќе време со семејството и блиските. Помеѓу 11 и 13 август, ќе добиете пораки кои ќе ве натераат да го преиспитате вашиот емоционален статус. На работа, избегнувајте конфликти со претпоставените. Простете – себеси или на другите. Четврток и сабота ќе бидат клучни.
ЛАВ
Оваа недела ви носи нов бран самодоверба. Старите идеи конечно може да се реализираат. Во љубовта, можно е да почувствувате привлечност кон личност што досега не сте ја гледале на тој начин. На 14 август, можно е изненадување од семејството. Вторник и петок се поволни за големи чекори.
ДЕВИЦА
Интроспекција е зборот на неделата. Ќе сакате мир, но околностите ќе ве повикуваат на дејствување. Од 12 август, ќе се соочите со важна одлука – било професионална или емотивна. Можно е неочекувано признание. Внимавајте како се изразувате. Понеделник и сабота се денови за внатрешен баланс.