„Ги има дури и во плитко, особено се опасни по децата“: Нови предупредувања стигнаа од плажите во Грција

Добивај вести на Viber

Туристите кои во моментов уживаат на одмор во грчкото место Пелион тврдат дека во морето, па дури и во плиткото, се појавиле виолетови медузи кои можат да бидат многу опасни.

Во Фејсбук групата Live from Greece се појави објава на еден член кој успеал да ја фотографира оваа медуза.

– Забележана денес во плиткото на плажата во Пелион – пишуваше во објавата под која се редеа коментари.

Некои граѓани потврдија дека се појавиле и во Едипсос и на Евиа.

– Ме опече пред неколку дена. Подобро да не знаете какво е чувството. Лекови се задолжителни (кортикостероиди и антихистаминик, по потреба и антибиотик). Првите два дена нема спиење, ако зафати поголем дел од кожата, како во мојот случај – пишуваше во коментар.

Отровна медуза

– Мене пред многу години на Глифада, Атина, една ме пецна – четири месеци среќа немав, баш беше отровна. Потоа повторно отидов на тоа место за да го надминам стравот од медузи.

Некои нагласија и дека последниве денови, поради топлото море, капачите постојано се со лузни од нив.

Медуза во морето

Доколку ве опече оваа медуза, исперете го местото со морска вода и од најблискиот бар побарајте мраз, кој ќе го ставите на опеченото место. 

Веднаш потоа, отидете во првата аптека и побарајте крема за мачкање. Никако да не се става оцет и слатка вода.

Во допир со кожата испуштаат отров

Она што ги прави овие медузи опасни е тоа што имаат жарни клетки кои испуштаат отров кога ќе ја допрат кожата. Допирот од оваа медуза предизвикува печење, црвенило, оток, болка и чешање. Кај почувствителни лица или деца може да дојде до посилна алергиска реакција, па дури и до осип или вртоглавица.