„Низ многу тешки животни моменти, најголемата сила ја црпев токму од мојот син“: Утринско кафе со Кали Јовчевска Корчагин

Првото утринско кафе претпочитам да го пијам сама, во тишина. Но, кога сте мајка, тишината е ретка привилегија.
Првото утринско кафе...
- Првото утринско кафе претпочитам да го пијам сама, во тишина. Иако, кога сте мајка, малку е тешко ИЗВОДЛИВО. Најчесто, помеѓу секоја голтка спремам доручек, изигрувам медијатор помеѓу син ми и нашето куче ... верувам дека секоја мајка знае како се пие утринското кафе.
За утрата вели...
- Утрото, секој ден ми започнува со млака вода и лимон. Потоа пијам обична чаша со вода за на крај да преминам на филџан со кафе која ми е уживање. Некако, тоа ми е ритуал што го практикувам со години и баш ми годи.
Омилени вкусови на кафе...
- Па јас и не сум баш љубител на оние инстант несови ... си го сакам класичното, македонското. Долги години пиев слатко најчесто знаеа да ми кажат дека пијам шеќер со кафе.
Но, последниве 6 години го пијам без грам шеќер и искрено, многу повеќе ми се допаѓа некако вкусот на кафето ми доаѓа повеќе до израз. Не знам, можеби се е до вкусот.
За тоа што ја мотивира најмногу...
- Со оглед на тоа дека сум опкружена со релативно хиперактивни личности, не можеш, а да не ја попримиш од нив таа енергија.
Најголем мотиватор е мојот син. Низ многу тешки животни моменти, најголемата сила ја црпев (и сеуште ја црпам) токму од него. Иако е релативно мал, навистина знаеше да ми каже нешто со кое ме вадеше од меланхолија за момент.
Нејзини дневни рутини...
-Јас како и секоја жена, мајка, сопруга… Дневни обврски, домашни обврски, доколку имам слободно време – прошетки. Пред спиење, приказни за добра ноќ.
Најпрво рутините за хигиена, за добра ноќ, а потоа тоа кратко време за сама со себе. Доколку се заврши на време, сакам да се напијам чаша вино пред спиење.
Се разбира, ретки се тие моменти, но кога ги има, максимално ги користам.
- Претпочитам книга. Филмовите најчесто ме гледаат мене, не помнам кога сум изгледала филм од почеток до крај.
Мотивациски пораки со кои го започнува и завршува денот...
- Денес е совршен ден да се насмееш без причина, да чекориш со верба и да веруваш дека нешто прекрасно те очекува.
Кали Јовчевска - Корчагин, внуката на Раде Јовчевски - Корчагин
М.С.К



