Откриј го тајниот вкус на летото – во само една лажица!

Медитеранската исхрана одамна е препознаена како најдобра во светот, инспирирана од животот и од навиките на луѓето покрај море. Веќе е позната по своите бројни здравствени придобивки, таа и денес се смета за еден од најздравите начини на исхрана. Ако летото е совршен момент да се впуштите во овој стил на живот, Грекос е вистински сојузник за лесна, хранлива и освежителна исхрана. Инспириран од вистинската медитеранска традиција и богато наследство, Грекос е кремасто задоволство кое внесува уживање во секој момент од денот.
Без разлика дали денот ви започнува мирно дома, дали се подготвувате за работа или се релаксирате покрај морскиот брег, со секоја лажица Грекос ќе го почувствувате духот на Медитеранот. Неговиот автентичен вкус и кремаста текстура ве носат директно до бреговите исполнети со енергични кулинарски традиции.
Грчкиот јогурт Грекос е достапен во практични пакувања од 150 г, 400 г и 700 г, а неговата мазност, богатиот вкус и освежителната нота го прават совршен избор за секој појадок, ужина или вечерен оброк.Од класичниот бел грчки јогурт Грекос, па се до овошните вкусови, јагода, шумско овошје и кајсија, дополнети со новите два вкуса Тропик микс и Малага, секое вкусување на Грекос е бегство во Медитеранот коешто инспирира како да го консумирате и со што да го комбинирате.
А за да го започнете денот со вкус и енергија, ви предлагаме брз и здрав рецепт – тост за појадок со Грекос грчки јогурт.