ОВАА девојка е вистинска убавица: Сподели емотивна фотографија со татко ѝ, ќерка е на позната балканска музичка легенда

Добивај вести на Viber

Здравко Чолиќ е еден од најпознатите поп пејачи на просторите на поранешна Југославија. 

Тој е основоположник и стожер на нови правци во музиката на Балкан, поради што во музичката историја, но и современост се истакнува како една од најпрепознатливите регионални ѕвезди. 

Иако Чолиќ има долгогодишна кариера и публиката го следите во неговата децениска работа за неговиот приватен живот малку се знае. Тој не го експонира своето семејство во јавниот свет и живее мирен и повлечен живот. 

Чолиќ е оженет со Александра, а во брак се од 1 мај 2001 година, а нивната врска траела 11 години пред да се венчаат. Александра е професор по географија и ретко се појавува во јавноста, но е постојана поддршка за својот сопруг. 

Здравко и Александра имаат две ќерки, Уна и Лара, кои се веќе тинејџерки. Тие се понекогаш присутни на јавни настани, како што е концертот на нивниот татко, каде што привлекуваат внимание со својот изглед и присуство.

Неговата ќерка Уна во една прилика објави фотографија од семеен амбиент на која гордо позира со својот татко и со која му честита роденден со емотивна порака нарекувајќи го „најдобриот татко“. Под коментарите на фотографијата, нејзините следачи коментираа дека физички потсетува на својот татко. 

Чолиќ за себе вели дека е строг родител и тој кој поставува граници во домот, а дека неговата сопруга Александра е столб на семејството и таа ги држи темелите на заедништво во домот.