Плажна мода за 10 -ка: Познатите Македонки одржаа летна модна лекција - Стилски, лежерно и тренди

Летото полека изминува, но македонските познати личности максимално го искористија секој момент за одмор и модно изразување покрај море. Оваа година, на плажите од Охрид до Халкидики, доминираа лежерни и природни материјали, практични парчиња и внимателно избрани детали – комбинација што вели „не се трудам премногу, ама изгледам совршено“.
Теа Трајковска
Од ленени кошули до лесни фустани, модата на плажа доби сосема нова дефиниција – удобност со стил.
Александра Пановска Илиевска
Што носеа македонските јавни личности ова лето?
*Ленени кошули и широки панталони – Едноставни, но беспрекорно елегантни. Многу ѕвезди од музичката и телевизиската сцена се појавија на плажа во ленени сетови – кошула и долни панталони во природни нијанси како беж, бела и пастелно сина.
Антониа Гиговска
*Фустани од лесни, летни материјали – Од кратки летни фустанчиња до долги, „бохо“ модели, трендот ова лето беше јасен: лесно, раздвижено и со принтови инспирирани од природата. Цветни дезени, лелеави кроеви и врвки на рамениците беа честа глетка на Instagram профилите на познатите.
Катарина Ивановска
*Куси панталони и класични бели маички – Ненаметлива, но секогаш сигурна комбинација. Едноставни кроеви, често комбинирани со сламени шешири и очила за сонце.
Викторија Лоба
*Тексас на плажа? Зошто да не! – Тексасните шорцеви, особено кај младите јавни личности, остануваат омилени. Во комбинација со корсети, кратки топови или кошули на врзување – изгледот е урбан, младешки.
Тамара Тодевска
*Што е важно да се носи на плажа?
Покрај тоа што изгледот е важен, удобноста и заштитата од сонце се клучни.
Македонските ѕвезди ова лето докажаа дека модата на плажа не мора да биде напорна за да биде ефектна. Со паметен избор на материјали и лежерна естетика, тие поставија стандарди за тоа како да се изгледа стилски и без капка неудобност – токму она што летото го заслужува.
Сара Мејс
Мина Блажев
РЖМ - Г.Д.Г