По големиот пожар, новогодишни декорации: Волонтери поставија светилки на опожарени дрвја и ја направија најубавата празнична декорација

Добивај вести на Viber

Пред само 11 месеци, на ова место беснееше голем пожар што уништи голем дел од околната флора и фауна. 

Пепелта и јагленисаните гранки долго потсетуваа на трагедијата, но денес – токму пред празниците – оваа слика се смени. Група волонтери, на своја иницијатива, одлучија да направат нешто што американските медиуми го нарекоа „чекор на надеж пред празниците“.

Тие ги исекоа изгорените гранки, ја исчистија околината од остатоците од пожарот и на преостанатите дрвја закачија најубави божиќни декорации. Вечерва, Алтадина во Калифорнија изгледа величествено – украсена со стотици светилки, елки и празнични украси, а местото го посети и Дедо Мраз за да ја внесе вистинската празнична магија.

Оваа акција, како што велат волонтерите, е еден од најкреативните начини да се победи траумата од неодамнешниот пожар, но и да се покаже дека природата и човечката добрина можат заедно да создадат нешто прекрасно.

Светските медиуми ја пренесоа приказната за Алтадина како вистински пример за човечка волја, солидарност и надеж – симбол дека и по најголемата темнина, секогаш може да се запали светлина.