Заради снимање на песната „Македонија“ тапанарот не се појавил на СОПСТВЕНАТА СВАДБА: Ексклузивно интервју со Дадо Топиќ за „Женски магазин“

Ж.М: Дали знаете некои македонски зборови и дали размислувавте песната „Македонија“ да ја отпеете и на македонски?
-Разбирам многу македонски зборови – „сакам да те љубам“, „благодарам“, „вистина“... Песната веќе ја има во неколку верзии, мислам дека и на македонски ја препеале. Не ми пречи, нека ја пеат луѓето. Но оригиналот си е оригинал.
Ж.М: Кога повторно ќе настапите во Македонија и дали планирате да отпеете некоја македонска песна?
-Следниот настап ми е на 1 август за Илинден, во селото Русиново кај Берово – првпат одам таму. А мојот менаџер Илија тој ден слави именден, ќе биде весело и ете прилика да пробаме уште некои македонски специјалитети.
Подготвуваме нова песна со Григор Копров – „Бисери во твоите очи“, за фестивалот „Охридски трубадури“. Текстот е мој, музиката на Григор, а ја пеам во дует со младата и талентирана Ана Петан – запомнете го тоа име! Снимивме и видеоспот.
Исто така, планирам концерт во Скопје по повод 60 години од кариерата. Ќе поканам музички пријатели, меѓу кои и Влатко Стефановски – генијален гитарист и вистински амбасадор на македонската музика. Инаку, со членовите на „Леб и Сол“ снимив песни на нивниот албум „Itakanataka“, и понекогаш на настапи ја пеам „Си заљуби в едно моме“ – прекрасна песна!
Ж.М: Имате ли омилена македонска песна што ја слушате на приватни прослави?
-Имате богат репертоар. На една веселба во Скопје пеевме со локални музичари: „Билјана платно белеше“, „Зајди зајди“, „Битола мој роден крај“, „А бе македонче“... Тие се евергрини – песни што влегуваат под кожа.
Ж.М: Во „Македонија“ пеете „Таму каде што сонцето вечно сјае“. Што ви е уште асоцијација на Македонија?
-Културното богатство, историските споменици, црквите, манастирите, езерата, Александар Македонски, Светите Кирил и Методиј, Гоце Делчев... тоа ми се асоцијации на вашата прекрасна земја.
Ж.М: Кои македонски градови ви се омилени?
-Охрид – таму се чувствувам прекрасно. Утринска прошетка, кафе на тераса, велосипед покрај езерото... срцето и душата се опуштаат. Се спие убаво, дури и без клима. Но убаво е и во Струмица, Куманово, Крушево, Велес, Дебар, Тетово, Прилеп, Струга и, секако, Скопје. Со нетрпение го чекам првото гостување во Русиново и посетата на Берово.
За крај порака до читателите на „Женски магазин“
До следното дружење, ве поздравува
Дадо Топиќ и бендот TIMEafterTIME.
Следетеме на:
facebook.com/dadotopicofficial
Разговорот го водеше: Магдалена Стојмановиќ - Константинов