,

Поради тампон ѝ се ампутирани двете нозе: Денес е позната во светот на модата како девојката со златни нозе

Добивај вести на Viber

Животот на Лорен Васер се промени засекогаш една обична октомвриска вечер. На само 24 години, поради компликации од употребата на тампони, таа доживеа синдром на токсичен шок (TSS) - состојба што доведува до срцев застој и тешки инфекции. Лекарите ја пронашле во станот, во несвест, со температура од 41 степен и со запрено срце. За да ја спасат, морале да извршат две ампутации. Она што за другите беше крај, стана нов почеток за Лорен. Денес, таа е позната низ целиот свет како „девојката со златни нозе“ - симбол на модата, силата и женската борба.

View this post on Instagram

A post shared by Lauren Wasser (@laurenwasser)



Како сè започна - обичен ден што се претвори во пекол

Таа беше на роденденската забава кај пријателка, кога одеднаш почувствувала слабост, треска и мачнина. Мислела дека е грип, но состојбата одеднаш се влошила. Кога се вратила дома, се срушила. Нејзината мајка, загрижена дека Лорен не ѝ одговара, ја повикала полицијата.

Кога лекарите влегле во станот, ја нашле на подот - срцето ѝ застанало. Едно прашање од специјалистот за заразни болести сè промени: „Дали користи тампон?“ Токму ова овозможи навреме да се дијагностицира синдромот на токсичен шок, но бактериите веќе предизвикаа гангрена и откажување на органите.

Две ампутации - крај или нов почеток

Прво, десната нога ѝ била ампутирана, додека левата останала тешко оштетена. Поминала три месеци во болница, осум месеци во инвалидска количка, борејќи се и со физичка болка и со сопствениот идентитет.

„Во светот на модата, сите изгледаат совршено, а јас мислев дека никогаш повеќе нема да бидам убава“, признала Лорен.

Сепак, силата што ја пронајде во себе, со поддршка од семејството и пријателите, ја носеше напред. Шест години подоцна, таа одлучи да ја ампутира и другата нога, верувајќи дека не губи, туку добива нов почеток.

View this post on Instagram

A post shared by Lauren Wasser (@laurenwasser)



Златните нозе како симбол на победа

Нејзините протези, покриени со злато, станаа дел од нејзиниот идентитет. Кога едно момче на аеродром во Швајцарија прашало: „Може ли и јас да добијам такви нозе?“, Лорен сфатила дека луѓето повеќе не гледаат на нејзината загуба, туку на нејзината сила.

Набрзо станала светски познат модел. Прошетала по пистата на Неделата на модата во Париз, снимала кампањи за Луј Витон, Лакост и Шисеидо, а била прогласена и за Модел на годината од списанието Харперс Базар.

View this post on Instagram

A post shared by Lauren Wasser (@laurenwasser)



„Тампоните се опасни“ - глас на предупредување

Денес, Лорен се бори жените да бидат информирани за ризиците што ги носат тампоните. Таа потсетува дека синдромот на токсичен шок погодува 3-4 жени на 100.000 годишно и често е поврзан со употребата на синтетички материјали во тампоните.

Таа покрена правен процес против добро познат производител и работи со американската конгресменка Керолин Малони на закон што ќе ги обврзе компаниите транспарентно да ги наведат состојките на нивното пакување.

„Тампоните се опасни за женското тело“, вели Лорен, потсетувајќи дека во нивното производство се користат хемикалии како што се хлор белило и диоксин.

View this post on Instagram

A post shared by Lauren Wasser (@laurenwasser)



Живот полн со бои и насмевки

Денес, Лорен води живот за кој многумина сонуваат. Патува, тренира, игра кошарка и отворено ги споделува своите борби и радости на социјалните мрежи. Нејзините златни нозе не се симбол на несреќа, туку потсетник дека од најголемата трагедија може да се изгради нова сила.



И.С.