После сонцето и морето: Д-р Анџелка Илиева со препораки за здрава кожа

Летото остава сериозни последици врз кожата - од пресушување и појава на темни дамки, до забрзано стареење и ризик од кожни заболувања. Д-р Анџелка Илиева, дерматовенеролог од Жан Митрев Клиника, објаснува како да се препознаат и ублажат овие состојби и кои третмани се најефективни за нега по завршувањето на летото. Во интервјуто, д-р Илиева се осврнува и на употребата на хијалуронски филери и колаген-стимулирачки третмани, кои денес се меѓу најбараните методи за подмладување и ревитализација на кожата.
1. Летото е време кога настануваат најголемите проблеми со кожата кога станува збор за дехидратација и штети од сончевото зрачење. Може ли прво да ни објасните на кој начин сончевите зраци ја оштетуваат кожата?
2. Како може да се намалат штетите од сончевото зрачење и да се заштити кожата?
Д-р Илиева: Најдобар начин да се заштити кожата од штетното влијание на УВ зраците е нејзиното изложување на сонце да биде сведено на минимум. Нашата улога во превенција на фотостареењето е важна, но и негата со која ќе ѝ овозможиме хидратација преку нанесување соодветни креми со висок заштитен фактор (SPF) најмалку 30+ или 50+, во зависност од фототипот на кожа. Секако, потребна е и физичка заштита со носење соодветна облека, темни наочари со УВ заштита, шапка и облека во светли бои. Кога наведените мерки не се доволни, потребно е спроведување на медицински козметолошки и ласерски третмани кои ќе ги избришат последиците од фотостареењето.
3. Честа е појавата на пигментации на кожата за време на летниот период. Како настануваат овие промени и кои методи за заштита ги препорачувате?
Д-р Илиева: Токму пигментациите се едни од последиците од изложувањето на УВ зраците. Настануваат така што пигментот меланин кој нормално се лачи од клетките наречени меланоцити и се наоѓаат во базалниот слој на кожата, под дејство на УВ зраците се стимулираат да лачат повеќе меланин. Тој вишок меланин кожата го складира во вид на пигментации. Најсоодветна заштита е редовната апликација на креми со заштитен фактор и избегнување на изложување на сонце во одредени периоди од денот кога УВ индексот е висок.
4. Како треба да се третира кожата по завршетокот на летото, на што треба особено да се внимава?
Д-р Илиева: По завршувањето на летниот период, на кожата, освен третмани за отстранување или намалување на пигментации, ѝ требаат и доста третмани за хидратација со цел да ја надополни изгубената влажност. Кај масните кожи потребно е длабинско чистење со цел отстранување на комедоните кои се фаза на акните и кои понатаму може да прогресираат во гнојаници со оставање последици од типот на лузни.
5. Кои методи и третмани се применуваат во Клиника Жан Митрев за навремена заштита и обнова на кожата?
Д-р Илиева: На одделот за дерматологија при Клиника Жан Митрев ги имаме на располагање сите модерни методи и начини на третирање на гореспоменатите проблеми. Па така, започнувајќи од базични третмани за чистење и хидратација , преку Hydrafacial, безиглени и иглени третмани за мезотерапија и биоревитализација, до ласерски третмани со најсовремени ласерски платформи од типот на Candela Nordlys за отстранување пигментации, лузни, брчки и други неправилности на кожата.
6. Освен во овој сегмент, како се развива Одделот за дерматологија на Клиника Жан Митрев во однос на естетската дерматологија, дермалните филери и колагенскиот третман на кожата?
Д-р Илиева: На одделот за естетска дерматологија од самиот почеток се стремиме кон тоа да воведеме нешто што е ново на овие простори, а воедно веќе докажано на светски рамки. Хијалуронски филери како такви се работат долго време, но сепак новите технологии на прочистена хијалуронска киселина до максимум ветуваат најголема безбедност за пациентот. Кога станува збор за колаген стимулирачките третмани ова е веќе навистина големо откритие - да се пополнува кожата без притоа да има изглед на отечено и наполнето лице.
7. За кои регии се применуваат филерите а каде колагенската инјекција?
Д-р Илиева: Хијалуронските филери се сѐ уште водечки препарат за пополнување на несовршености и брчки на лицето, додека колаген стимулаторите се користат буквално на цело тело, секаде каде што има опуштање на кожата и потреба од безоперативно затегнување, односно освен за лице - и за врат, дланки, надлактици, натколеници, абдомен.
Д-р Илиева: Хијалуронските филери се тие кои најуспешно го надополнуваат загубениот волумен и во истиот момент „ги бришат“ брчките, додека колаген-стимулирачките препарати ја стимулираат кожата да создава нов колаген и на тој начин буквално се подмладува и измазнува. Ефектот кај филерите пак, настапува веднаш и трае до една година, додека кај сите препарати за стимулација на колаген настапува најрано за 3-4 недели, период за кој е потребно да започне создавањето на новиот колаген, а со тоа и подмладувањето на кожата да стане видливо.
9. Употребата на филери станува сѐ попопуларно и се применува и надвор од здравствени инстанци. Што е важно да се знае пред аплицирање филери, кога, каде, како, колку?
Д-р Илиева: Ова прашање е најсензитивната тема за сите нас лекари специјалисти кои работиме во оваа област. Употребата на филери кои преставуваат дермални импланти регистрирани како класа медицински помагала во Агенцијата за лекови апсолутно не смее да биде надвор од медицински установи. Ова помагало може сериозно да загрози живот на пациентот, не само поради можноста од бурни алергиски реакции туку и компликации како длабоки инфекции, апсцеси и некроза на кожата поради апликација во несоодветни и нестерилни услови. Затоа додека не започне примената на законите и мерки на терен, апелираме пациентите да внимаваат каде и кому ќе го доверат своето здравје, бидејќи за жал желбата за разубавување не смее никогаш да прерасне во сериозна медицинска компликација со трајни последици.
*Пр објава