Предлогот на Армани: Пет парчиња облека кои заслужуваат место во гардероберот на секоја жена

Добивај вести на Viber

Во средината на 70-тите години од минатиот век, неуспешниот студент по медицина Џорџо Армани работел како хонорарен дизајнер за многу машки модни брендови, а потоа неговиот љубовен партнер Серџо Галеоти го убедил да направи голем пресврт во својата кариера.

На наговор на Галеоти, Армани го продал својот автомобил и отворил свое дизајнерско студио. Единствените вработени во студиото биле тие двајца - Џорџо бил задолжен за креативниот дел од работата, а Серџо управувал со финансиите.

„Серхио веруваше во мене. Серхио ме натера да верувам во себе. Ми покажа еден нов свет. Да беше Серхио жив денес, ќе беше луд од среќа. Неговата смрт беше многу болна. Потоа морав да научам многу за мојата компанија, да продолжам понатаму.

Фото: EPA IMAGE

Многу луѓе не веруваа дека можам да го направам тоа, не веруваа во мене. Беше разочарувачки да откријам дека дури и во мојата компанија има луѓе кои мислеа дека нема да успеам. Затоа морав да ги засукам ракавите“, рече тој во интервју за списанието GQ.

Џорџо Армани официјално го основа својот бренд во 1975 година и презентираше машки и женски колекции за пролет/лето 1976 година. Останатото е историја.

Во облеката на овој перфекционист, жените изгледаат софистицирано и се чувствуваат удобно.

А кои се парчињата што Армани би ги ставил во гардеробата на секоја жена? Тој токму тоа го откри за списанието „Вог“. Го стави сакото на прво место.

„За мене, тоа е основа на секој гардеробер, и машки и женски. Сакото е разноврсно парче кое го реинтерпретирав, замислувајќи го како опуштено и удобно парче, воопшто не ограничувачко. Неструктурираните сакоа што ги дизајнирав во 80-тите за жени и мажи станаа мој заштитен знак и сè друго произлезе од тоа едно парче, на кое постојано се враќам и го редизајнирам“, заклучи тој.

Италијанскиот моден дизајнер почина на 4-ти септември на 91 година во Милано. 

Ова беше изборот на Армани за жените. Топ 5 парчиња облека кои треба да ги има секоја жена во нејзиниот гардеробер:

1.Сако


2.Класична T- shirt маичка


3.Удобен костум со панталони

4.Долг капут


5.Елегантна блуза


Фото: Пинтерест
Извор: Zadovoljna.dnevnik.hr