Се ожени Стефан од „Некст Тајм“: Тој во кежуал костим и патики, таа во минималистички и тренди невестински фустан

Стефан Филиповски, од музичкото дуо „Некст Тајм“, го кажа судбоносното „да“ на црковна церемонија во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во интимна атмосфера, во присуство на семејството и најблиските пријатели, тој се ожени со својата долгогодишна партнерка, Тинеа.
За овој посебен ден, Стефан избра лежерен, модерен изглед – црн кежуал костим во комбинација со црни патики, задржувајќи го својот автентичен стил. Невестата Тинеа, пак, блесна во минималистички и тренди невестински фустан – со корсет, миди должина и декоративни карнери од тул, оставајќи впечаток на елегантна едноставност и модерен сензибилитет.
Среќниот момент го споделија и неговиот брат-близнак Мартин Филиповски, како и сопругата на Мартин – Андреа, кои на социјалните мрежи објавија фотографии од свадбената церемонија.
Инаку, Стефан во изминатите години ја одржуваше својата врска надвор од јавниот фокус, љубоморно чувајќи ја приватноста на својот љубовен живот.
Фото: Инстаграм
РЖМ -Г.Д.Г