Се вери Аријана Гранде: Гордо го покажа вереничкиот прстен

Добивај вести на Viber

Пејачката е заљубена во Далтон Гомез

Аријана Гранде одлучи да ја одведе врската со Далтон Гомез на едно повисоко ниво. Имено, музичката sвезда се вери со него.

- Тие не можат да бидат посреќни, тие се толку возбудени. Ова е среќно време за нив, а родителите се воодушевени - изјави извор близок до парот за списанието „Пипл“.

Честитки пристигнуваат од сите страни.

- Честитки за овие прекрасни души. Ари, ние те сакаме и сме пресреќни поради тебе. Далтон, ти си среќен човек - ја раскажа среќната вест менаџерот на Аријана, Скутер Браун.

Инаку, Аријана Гранде ги објави среќните вести на Инстаграм и се пофали со вереничкиот прстен што го доби.



Фото: Инстаграм/arianagrande