Секој четврток уживаме на Водно со ProActive платформата на ПроКредит Банка

Продолжува акцијата со секое скенирање на QR кодот на врвот на Водно да засадите дрво, но сега со дополнителни нови можности - три месеци бесплатно користење на ProActive сметка на ПроКредит Банка со која станувате дел од одговорната заедница.
Иницијативата „И јас сум на Водно 2025“ е веќе во полн ек, оваа сезона со нова енергија и поширока мисија. Оваа година, настанот се организира во рамки на ProActive платформата на ПроКредит Банка со поддршка од Mastercard, обединувајќи ги физичката активност, еколошката свест и придобивките од дигиталното и одговорно банкарство.
Настанот се одржува секој четврток од 19 часот, со искачување до планинарскиот дом Даре Џамбаз на 1060 метри надморска височина, во организација на планинарскиот клуб H2O. Проектот е отворен за сите граѓани и има за цел да поттикне здрави навики, заедничко делување и одговорност кон природата.
Оваа сезона, секој скениран QR код на Водно се грижи за вас за сѐ околу вас:
· ПроКредит Банка и Mastercard засадуваат едно дрво во име на секој учесник, како дел од поширока еко-акција за обновување на опожарените подрачја во земјата. Минатата година преку оваа иницијатива беа засадени 9.000 дрвја.
· Учесникот добива три месеци бесплатно користење на ProActive сметката.
ProActive е многу повеќе од банкарска сметка – ова е платформа која ги поврзува личните финансии со општественото добро. Со отворањето на ProActive сметка, секој клиент станува дел од одговорната заедница на ПроКредит Банка, а банката одвојува 30 денари од месечната членарина за поддршка на општествено одговорни проекти.
ProActive доаѓа во пакет со многубројни поволности и дебитна премиум биоразградлива Mastercard World картичка која нуди:
· Бесплатен пристап до деловни салони на над 1.500 аеродроми преку LoungeKey
· Роаминг поволности со Mastercard Global Data Roaming
· Неограничени повлекувања на денари од секој банкомат, без провизија
· Бесплатно повлекување на евра од банкоматите на ПроКредит
· Неограничени трансфери во земјата, без провизија
Сите детали за ProActive пакетот се достапни на следниот линк: www.pcb.mk/proactive.nspx
Покрај искачувањето на планината, настанот „И јас сум на Водно“ секој четврток нуди едукативни работилници на теми како: планинарење, кампување, здрава исхрана, прва помош и екологија, како и музичка програма и можност за дружење со панорамски поглед кон градот
Организаторите од Планинарскиот клуб H2O апелираат за одговорно учество во оваа акција:
· Учеството на настанот се одвива на сопствена одговорност
· Да не се користат моторни возила бидејќи рампата на Средно Водно ќе биде затворена
· Да се носи соодветна опрема (планинарски обувки, челна ламба, вода, наполнет мобилен)
· Да не се оставаат отпадоци, да се однесуваме одговорно кон природата
Сите се поканети за учество во иницијативата „И јас сум на Водно 2025“, бидејќи секој чекор се брои и секоја акција прави промена. Секој четврток – ПроАктивно на Водно!
ПР објава