Шалови и капи кои треба да ги имате сезонава

Трендовите од година во
година се менуваат, но за студените есенски и зимски денови добро е да
носите шапка и шал кои ќе ве заштитат од студот но исто така со нив ќе
изгледате убаво.
Шапки модел ѕвонче
Шапките од овој модел беа многу актуелни изминатите неколку сезони и немаат намера да бидат надвор од мода. Сепак, за зимата 2019/2020 година, сè повеќе гледаме дизајнери што ги прават од погуста ткаенина што им дава структура на капа.
Овој тип на шапка е инспириран од 1920-тите, тогаш за прв пат е направен овој модел.
Меки плетени капи за сечиј вкус
Меките плетени капи се вечен тренд.
Елегантни шешири
Постојат многу критичари на овој модел затоа што границата помеѓу стилот и кичот е толку тенка што е невидлива.
Шапки Гетсби
Шапката Гетсби е ретро модел. Во минатото, децата од работничката класа носеле слични. Денес, шапката Гетсби повторно е актуелна. Силуетата е освежена и малку надградена.
Беретки
Друг додаток на елегантните капи од сезоната есен/зима 2019-2020 се беретките. Тие отсекогаш биле поврзани со француската елеганција.
Големи и топли шалови
Шаловите немаат широк спектар на трендови. Големите и топли шалови се најактуелни оваа сезона.