Соња која на 57 години ја роди ќерката Богдана во Скопје, сега прв пат се огласи: Еве како се снаоѓа со мало бебе во домот

Добивај вести на Viber

Сите ги интересира како се снаоѓа Соња која на 57 години ја роди ќерката Богдана? Сега оваа најстара мајка во Црна Гора се огласи и сите се пресреќни

Моментот кога се дозна дека жена од Црна Гора забременила на 57 години по години и години обиди - изгледало како чудо.

Соња роди здрава ќерка на која среќната двојка и го дадоа името Богдана – алудирајќи дека детето „го даде Господ“. Соња на својот фејсбук објави слика од ќерката со која нагласи дека детето наполни еден месец, а покрај сликата напиша: „Наша среќа и голем успех“.


Соња Миротиќ, жена од Црна Гора која стана мајка на 57 години, во постарите години се соочува со предизвиците на родителството, но и со големо задоволство и гордост. По 22 години обид да стане родител, Соња успеа да го оствари својот сон со помош на ин витро оплодување и донирани јајце клетки во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Бременоста беше ризична, со висок крвен притисок, што доведе до царски рез во 34-та недела, но бебето добро напредувало.

По игра на судбината, Миротиќ се родени на ист ден во март и посакувале и третиот член од семејството да го дополни тој датум. Недостасуваа само осум дена, но Богдана подрани и се роди на 12 март.

Иако е постара од една просечна мајка, Соња истакнува дека зрелоста и животното искуство и помогнале да се справи со предизвиците на родителството. Свесна е дека ќе има помалку време со своите деца поради нивната возраст, но е решена да им даде љубов и поддршка. Нејзината приказна ја отсликува силата на волјата и надежта, како и важноста на поддршката на партнерите и експертите во остварувањето на родителските соништа.

Соња е пример дека родителството е возможно и на постара возраст, со соодветна медицинска поддршка и волја да се надминат пречките.

А како сопругот Марко го прослави раѓањето на ќерката? "

„Ми дојдоа блиски роднини, таа вечер дојде селаните“, се сеќава Марко, чие срце е полно што се исполнил како родител и во подоцнежните години. Имено, Марко има 69 години, а тој и Соња 22 години се обидуваат да добијат дете.

„Секое здраво дете е полна куќа“, велат соседите кои ја делат радоста со брачниот пар Миротиќ.

СОНОТ СТАНА РЕАЛНОСТ: СОЊА МИРОТИЌ НА 57 ГОДИНИ СТАНА МАЈКА

ФОТО: Фејсбук