Совршен баланс помеѓу убавина и иновација: Galaxy S25 Edge

Добивај вести на Viber

Стилот е во деталите велат, а има ли покористен „детал“ во секојдневниот живот од уредот кој постојано е покрај нас – нашиот мобилен телефон? Токму, со оваа премиса на ум, Самсунг го создаде новиотGalaxy S25 Edge кој ќе го потврди вашиот префинет вкус и стил. Со својата тенка силуета од само 5.8 мм и тежина од околу 163 грама, овој уред остава впечаток како накит кој го надополнува секојдневниот изглед. Титаниумските рамки и стаклено-кермамичката завршница на екранот не само што додаваат елеганција, туку и гарантираат издржливост. Дизајнот е минималистички, чист, а сепак смел — создаден за да се чувствувате современо и сигурно.

Кога ќе го вклучите фотоапаратот, ќе ја откриете вистинската магија. Главната 200 MP камера е вистински мајстор во фаќањето детали — од најситните текстури на вашата облека, до живописните нијанси на градските светла. Со Nightography режимот и напредниот ProVisual Engine, фотографиите во слабо осветлување изгледаат јасно, со реални бои и префинети сенки.

Ако сакате поширока перспектива, 12 MP ултрашироката камера ќе ви овозможи да ги забележите сите детали на пејзажите или големите простори кои сакате да ги сликате. За лични моменти, предната 12 MP камера нуди природни тонови на кожа и рамнотежа на светлина, така што селфи фотографиите изгледаат како внимателно обработени, без потреба од филтри.

Зад сето тоа стои интелигентен AI мотор, кој автоматски ги оптимизира фотографиите и се грижи вашите слики да изгледаат професионално, без разлика дали станува збор за дневна прошетка, вечерна пригода или неочекуван момент што сакате да го сочувате.

Со Galaxy S25 Edge, добивате повеќе од телефон: добивате комбинација од елегантен дизајн и напредна камера, создадена да ја следи вашата динамика и да ја потенцира вашата уникатност.

Вашиот свет, управуван со еден допир

Соапликацијата SmartThings ќе почувствувате дека секојдневието станува попаметно и поудобно. Од екранот на вашиот Galaxy S25 Edge можете да го контролирате телевизорот, да проверите до каде е циклусот на пералната, па дури и да го подготвите ручекот без да влезете во кујна. Сè е на дофат на вашите прсти, без разлика каде се наоѓате.

Покрај тоа, One UI 8  донесува беспрекорно искуство со телефонот, секогаш брзо и оптимизирано. Со гарантирани 7 години софтверски ажурирања, добивате сигурност дека вашиот уред ќе остане модерен, безбеден и функционален – долг период без грижи или компромиси.

Кога станува збор за доверба, вашите податоци се под заштита одSamsung Knox – без разлика дали станува збор за биометриски отпечатоци, приватни фотографии или важни финансиски документи. Knox е вашата дигитална сигурносна брава, создадена за оние кои бараат мир на умот во секој чекор.

И ако сакате уште побрзо да се инспирирате, доволно е да ја активирате апликацијата Try Galaxyкоја овозможува да го искусите моќното Galaxy AI доживување дури и на уредот што го користите во моментов – за да почувствувате уште денес што значи иднината на мобилната технологија.

Со Galaxy S25 Edge во вашата рака, секој ден станува приказна за стил, инспирација и самодоверба – телефон што не само што ги следи вашите чекори, туку ви овозможува да ги создавате и да ги зачувате засекогашнајубавите моменти, со сигурност и елеганција што ве издвојува

ПР објава