Стил на денот: Модно дефиле на денот на инаугурацијата во САД

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, официјално ја презеде функцијата, како 46-ти претседател на оваа земја.
На неговата инаугурација присуствуваа неговата сопруга и семејството, новиот американски потпретседател Камала Харис, кој исто така положи заклетва, поранешниот претседател Барак Обама со неговата сопруга Мишел, поранешниот претседател Бил Клинтон со неговата сопруга Хилари и многу други познати личности.
Церемонијата беше проследена со настапите на пејачката Лејди Гага, која ја отпеа националната химна и беше придружена со громогласен аплауз и настап на Џнифер Лопез, која настапи по инаугурацијата со песната „Оваа земја е твоја земја“.
Славните дами, на овој ден се појавија во многу соодветни и импресивни стајлинзи, и не можевме да не забележиме дека огромното мнозинство се одлучи за еднобојни стајлинзи во интензивни бои.
Џил Бајден се одлучи за азурно сина,
фото:Jonathan Ernst-Pool/Getty Images
Камала Харис беше во виолетова боја.
Хилари Клинтон се одлучи за слична, виолетова боја.
додека Мишел Обама за својот стајлинг одбра бургунди нијанса.
Особено емотивнa беше Џеј Ло,
тaa настапи во бело од глава до петици и за малку ќе заплачеше по песната што ја изведе и беше фотографирана при страствен бакнеж со нејзиниот партнер Алекс Родригез.
Лејди Гага потполно го привлече вниманието со стајлинг на модерна принцеза, комбинирајќи црно и црвено со златни детали.
(ФОТО) Боја што симболизира доверба и стабилност: Модниот избор на Џил Бајден на инаугуриацијата
извор:stil.kurir.rs