Свечено отворање на Dioptra Optic Urban Concept - првиот store-in-store оптички концепт во Македонија

Синоќа во скопско Дебар Маало се одржа свеченото отворање на Dioptra Optics Urban Concept – модерен, урбан и единствен простор сместен во градското јадро веднаш наспроти Универзална сала.
Dioptra Optics, која е лидер во оптичката индустрија со повеќе од 32 години искуство, со овој проект за прв пат во Македонија воведува store-in-store модел, со ексклузивни зони на два светски реномирани брендови: Etnia Barcelona – позната по своите автентични рамки со живописни бои, смели комбинации и уметнички дизајн кои ја носат енергијата и духот на Барселона и Moscot – легендарен њујоршки бренд со повеќе од еден век историја, препознатлив по иконските модели кои се синоним за безвременски стил и врвен квалитет.
„Овој последен проект го создадов со визија, ентузијазам и страст за да понудам нешто сосема ново и свежо – простор кој е максимално хедонистички и наменет за уживање. За прв пат во Македонија воведуваме store-in-store концепт на два светски реномирани брендови – Etnia Barcelona и Moscot.
Особено сме горди што Etnia Barcelona за прв пат има ваков концепт и во светски рамки, а тоа е овозможено благодарение на нашите клиенти, кои се презадоволни од брендот и со својата лојалност нè мотивираа да им го донесеме ова искуство.
Со ова, секој љубител на Etnia Barcelona во Македонија ќе може да ужива во брендот како да е во Шпанија и да ја доживее магијата на неговиот колорит, уметнички дух и автентичен стил.” - рече сопственичката Марија Костуранова по повод свеченото отворање.
Посетителите на Dioptra Optics Urban Concept можат да доживеат целосно ново искуство – да изберат очила од најновите колекции, да уживаат во свежо подготвено кафе или ароматична matcha и сето тоа во пријатна, pet-friendly атмосфера каде и вашите миленичиња се добредојдени.
“Сакав купувањето очила и посетата во оптика да бидат вистинско задоволство – момент на уживање, инспирација и мир. Со многу труд, посветеност и вложувања, Dioptra Optics Urban Concept е токму тоа – место каде модата, стилот и технологијата се спојуваат во уникатно искуство кое инспирира и разгалува.“ - надополни Костуранова.
ПР објава