Актуелно // Insta вести
Тијана Дапчевиќ во досега невидено издание: Воодушеви во вечерна тоалета

Тијана Дапчевиќ е препознатлива по нејзиниот оригинален стил.
Пејачката најчесто е лежерно облечена, шизички, лелаво и во бои. Таа никогаш не се плашела да експериметира со облеката и каде и да се појави се одвојува од публиката и ги собира погледите на присутните.
Тијана во долга свечена тоалета ги изненади сите присутни на настанот на кој пеела вчера, но и јавноста не престана позитивно да го коментира изгледот на Дапчевиќ како вистинска дама.
За оваа прилика таа одбрала долга свечена тоалета во сина боја, а на половината фустанот има интересен детаљ во бела боја давајќи на целиот изглед одличен летен морски мотив.
Таа во една прилика за стилот истакна дека за да изгледате добро не ви се потребни скапи парчиња.
- На мене нема ништо скапо, а изгледа како да чини 4 милиони. Навистина звучи малку претенциозно, да кажеме овие очила што мислите кој ги креирал? - ја праша Тијана новинарката, која одговори дека оквирите личат како да се најмалку 60 илјади динари.
Фото: Инстаграм